четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешен пожарникар упадна на прес конференцијата на Николов- јавно побара одговор од градоначалникот откако неколку пати бил игнориран

Поранешен пожарникар упадна на прес конференцијата на Николов- јавно побара одговор од градоначалникот откако неколку пати бил игнориран

По повод стогодишнината на Противпожарниот дом, штипскиот градоначалник денеска имаше прес конференција, но кога тој започна упадна во кадарот на камерите поранешен пожарникар, Александар Ѓеорѓиевски. Тој јавно побара одговор од Сашко Николов.

Ѓеорѓиевски побара Николов да му одговори на неговите барања пред камерите бидејќи како што вели тој претходно градоначалникот 2 пати ги игнорирал неговите писма.

Барањата на поранешниот пожарникар биле да се врати на работното место во Противпоижарниот дом, со ветување дека платата ќе ја донира во хуманитарни цели. Ѓеорѓиевски побара и одговори дали локалната власт знае во каква состојба е Противпожарниот дом и кога пожарникарите ќе добијат нова опрема.

– Две писма имате пуштено, јас ги знам и двете, меѓутоа не е игнорирање, туку е по приоритет. Јас не можам да одговарам на секој што ќе му текне во моментот да добие одговор. Ние ги делиме по приоритет барањата и така одговараме, му одговори градоначалникот.

Штипскиот градоначалник најави и дека наскоро ќе пристигне и новото противпожарно возило,а хуманираната работа на Ѓеорѓивски ќе биде вклопена во Солидарниот фонд. Неколку минутната дебата заврши со ракување.

Најнови вести