Поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов кој на позицијата беше поставен како кадар на СДСМ, очигледно не се согласува со политиките на владејачката партија.
Атанасов се јавува како еден од основачите на движењето „Македонска модерна“ за кое се вели дека е создадено од неколкумина ентузијасти за подобра иднина на државата, кои не се согласуваат и не можат да се помират со ситуацијата во Македонија.
Програмата, идејата и целите на ова ново политичко движење „Македонска модерна“ викендов беа претставени во Ново Село.
За потсетување, Атанасов во 2019 година поднесе оставка од функцијата заменик министер поради, како што образложи во отворено писмо до тогашниот премиер Зоран Заев, неспроведување на реформи во секторот.