четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешната фирма на Анѓушев „ЕДС“ доби тендер на ЈП за државни патишта вреден 2,3 милиони евра

Поранешната фирма на Анѓушев „ЕДС“ доби тендер на ЈП за државни патишта вреден 2,3 милиони евра

„ЕДС“, фирмата која вицепремиерот Кочо Анѓушев ја продаде на грчкото електростопанство доби тендер од ЈП за државни патишта во вредност од над 2,3 милиони евра.

Анѓушев минатата година ја продаде ЕДС за само 4,8 милиони евра, а истата за само една година стана една од доминантните компании за набавка на електрична енергија во Македонија, додека пак грчките компании станаа главни на македонскиот енергетски пазар.

Откако Анѓушев ја продаде ЕДС, компанијата заклучно со последниот тендер на ЈП за државни патишта има добиено тендери во вредност од 236.313.683 денари, односно повеќе од 3,8 милиони евра.

ЕДС во изминатиот период доби тендери за набавка на електрична енергија на МЕПСО, Народна Банка, ЈКП Водовод Битола, Ј.З.У. Здравствен Дом Вевчани, ЈЗУ Клиничка болница Битола, АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост како и Општина Кочани, со што оваа компанија сериозно го зазема македонскиот пазар.

Претходно грчките медиуми објавија дека грчкото обвинителство отвори истрага за купување на ЕДС на Кочо Анѓушев од страна на грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ), затоа што според истражувањето било откриено дека парите на (ДЕИ) легнале на лична сметка на Анѓушев, додека аквизицијата била направена по предлогот на подружницата на (ДЕИ) во Албанија, каде што бил поставен поранешниот гувернер на шеќерната индустрија и извршен директор на СИРИЗА, Џорџ Ланзас.

Исто така грчките медиуми пишуваа дека сомнително е и тоа што грчката компанија која функционирала со загуби ја купила ЕДС, која во тој момент едвај егзистирала со средствата од само 10.000 евра, односно имала катастрофални загуби и негативен кредитен рејтинг.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашуваа како е можно грчката компанија која функционирала со загуби да се одлучи да одвои милиони евра за македонска компанија која функционирала исто така со огромни загуби.

Нејасно и сомнително е тоа како фирма која функционираше со огромни загуби за само краток период успева да стане една од доминантните компании за набавка на електрична енергија на македонскиот пазар.

Најнови вести