четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешната пратеничка од СДСМ: Ова е државен срам, плаќаш здравствено за да трчаш за вакцина во друга држава!

Поранешната пратеничка од СДСМ: Ова е државен срам, плаќаш здравствено за да трчаш за вакцина во друга држава!

Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава. Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да спасат жива глава зашто се оставени на цедило од својата држава, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Ивана Туфегџиќ.

-Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава. Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да спасат жива глава зашто се оставени на цедило од својата држава. Недостигот на стратегија, инаетот кон другите вакцини поради некаква геостратешка политика, неодговорноста и неорганизираноста на човечките капацитети со кои располагаме придонесе за гнев и бес на луѓето. А, најмногу од се комуникацијата: “не оваа среда, следниот петок”. Ни полициски час, ни ништо нема да ги спречи луѓето да одат да си бараат спас.
Гневот и бесот кон сопствената држава ќе остане и ќе расте. Единствено се надевам со оваа масовна вакцинација во Србија барем докторите кај нас ќе здивнат малку наредниот период, зашто тие се вистинските патриоти, како што се сака сега да се употребува во секој контекст, пишува во својата Фејсбук објава Туфегџиќ.

Најнови вести