Поранешни вработени во „Охис“, денеска протестираа пред Владата барајќи ги заостанатите плати и придонеси.
Тие биле кај министерот Шапуриќ и побарале 24 плати и придонесите од 16 месеци кои им се неплатени, пишува телевизија 21.
До сега овие екс вработени имале 13 средби и натаму ништо не било сменето.
Сумата која се бара е околу 5,5 милиони денари.
Утре ќе имаат средба со стечајниот управник.