среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Породилното отсуство продолжува да важи до завршувањето на времените мерки

Породилното отсуство продолжува да важи до завршувањето на времените мерки

Министерството за здравство информира дека согласно уредбата со законска сила донесена од Владата на Република  Македонија, породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата.

-Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата. Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести