Портпаролот Флакон Беџети за Порталб.мк потврди дека Алијансата за Албанците ја разгледува можноста за подршка на независниот албански кандидат за претседател Блерим Река.
За поддршката, лидерот на АА, Зиадин Села, утре ќе го извести централното претседателство.
-Претседателството на Алијансата за Албанците го овласти претседателот Зиадин Села да преговара со опозициската партија БЕСА за наоѓање и подржување на заеднички кандидат кој би ја подржувал и преставувал албанската опозиција во претседателската трка. Во рамките на ова е разговарано и со професорот и дипломат Блерим Река, за кого претседателот на партијата, Зиадин Села, во текот на утрешниот ден ќе го информира централното претседателство и партиските тела за текот и деталите на состанокот. Потоа партиските тела ќе ја донесат конечната одлука, рече Флакон Беџети.
Инаку, независната кандидатура за претседател на Северна Македонија, поранешниот амбасадор Река, ја објави денеска. Меѓу другото, тој ги бара албанските гласови, за како што вели итој, Северна Македонија да не биде моноетничка држава. Досега официјално Река ќе се натпреварува со кандидатката на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.