Владата подготвува терен за приватизација на Пошта. На вчерашната владина седница да се утврдат можностите дали тоа ќе биде Јавно приватно партнерство или целосна приватизација. Владата вчера го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги.
Сега вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши како и директорот на Пошта да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.
Откако со години оваа институција служеше како златна кокошка, сега кога дојде на ред за спасување и да се надополнат загубите, очигледно дека власта утврди дека подобро е да се продаде.
Состојбата во Пошта стана уште полоша откако пропадна Еуростандард банка, преку која оваа институција ги вршеше услугите од платен промет и беа стопирани сите услуги од платениот промет. Директорот Рустеми изјави дека покрај случајот со Еруостандард, корона кризата ја стигнала и Пошта.
– Ликвидноста на компанијата е нарушена, бидејќи поради неработењето на Еуростандард банка на шалтерите на Пошта од 12 август годинава, не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица. Остварените приходи во првите шест месеци од 2020 година од овие услуги што Пошта се уште не може да ги обезбеди, изнесуваат 110 милиони денари и претставуваат 19,4 проценти од нашите вкупни приходи. Овде сакам да напоменам дека повеќе од 870 вработени во Пошта целосно или делумно извршуваа работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги, рече Рустеми во интервју за Слободен печат.
Темата за приватизација на Пошта ја отвори сопственикот на сега пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски, кој по затворањето на банката рече тоа било подолг план на власта, за со еден удар, како што рече да удрат две муви.
– Банката ја уништија, македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања, ќе ја купи некој за евтини пари, рече Костовски.