сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?

После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?

Од 2017 година навака јавноста често слушаше за запалени возила кои никогаш не се откри кој е сторителот.

Денес медиумите објавија аудио бомба во која се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот и во која Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука јаснос е поставува прашањето, дали Тушникот е дел од поголема група од подземјето која со “амин “ на семејството Заеви ги палеше автомобилите во изминатите две и пол години ширум државата.

За две опожарени возила во Скопје пишуваа медиумите во април 2017 година.

Потоа на 29.11.2018 година запалено беше возилото на поранешниот шеф на УБК од редовите на СДСМ, Миле Зечевиќ


На 24. Октомври 2019 година Пет возила беа запалени во Штип, од нив три целосно се изгорени, а две делумно. Меѓу возилата кои целосно изгореле се двете возила на семејството Тушеви. Едното возило е на Никола Тушев, кој е поранешен претседател од огранокот на СДСМ во Штип, а другото на неговиот татко Мите Тушев. Тие се брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева. Возилата биле паркирани на различни места на паркингот.


На 27 декември 2019 за неполни 12 часа регистрирани се два случаи во кои се запалени автомобили во Скопје, на двајца различни бизнисмени на две различни локации во Капиштец и Влае.


На 18 август 2018 на улицата „Ваташа” во Битола непознат сторител истурил запалива течност врз предниот дел на патничко возило „тојота аурис” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што го запалило.

Исто на 22.07.2017 година и во Прилеп беше запалено возило.

Ова се само дел од десетиците случаи во овие три години на опожарени возила.

За зачестените случаи пишуваше и Сашо Ордановски во 2017 година кога ваквите криминални активности ги поврза со агенција за обезбедување од еден град во јужна Македонија.

Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги. – пишува Ордановски.

За опожарените возила во јавноста имаше и анонимно сведоштво на припадник на полициската единица Алфи

Како припадник на единицата Алфи изминативе неколку месеци низ градот сме сведоци како Вице Заев го превзема Скопското подземје и го става во својата бизнис мрежа. Имено во Скопје во изминатите месец дена се случија неколку случаи на рекетарство на видни локали и бизнисмени. Се рекетира се живо и диво, а секој оној кој што ќе одбие да плати рекет се соочува со палење на автомобилот.

Ова е модус операнди на криминалната банда под директна контрола на Вице Заев, која што после палењето на автомобилите на сопствениците им упатува порака дека треба да бидат среќни што поминале само со материјалната штета.

„Мафијата за Вршење на Рекет“ почнува на оштетените да им нуди услугите на агенција за обезбедување ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, и доколку нејзините услуги бидат одбиени тогаш настанува пеколот за сопственикиот на кафулето, фирмата или објектот. Оваа агенција засега воопшто не фигурира во регистерот на лиценцирани агенции за обезбедување во Македонија, иако се рекламра на интернет страната како самостојно правно лице кое дава услуги, туку се води како подружница на Агенцијата за обезбедување Гепард Секјурити од Струмица која во минатото беше санкционирана за затајување на данок преку прикажување на лажни сметководствени податоци.

Најнови вести