среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

После СПМ и Демократски сојуз без член во работната група за уставни измени

После СПМ и Демократски сојуз без член во работната група за уставни измени

Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз (ДС) нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот, соопштија денеска од партијата.

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите. Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот“, велат од ДС.

Демократскиот сојуз бара владата директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

„Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија“, сметаат од ДС.

Најнови вести