сабота, 16. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви“

„Последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви“

Првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во изјава за еден медиум вели Владата спротивно на препораките на Комисијата дозволила свадби. Владата предводена од Зоран Заев прави што сака и тоа по цена на човечки животи. Се кара и стручната фела, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа говори дека се неспособни, менуваат одлуки и препораки заради политички калкулации, си поигруваат со здравјето.

Си поигруваат и со економијата, еднаш затвораат угостителски објекти, еднаш за да се влезе бараат сертификати, во меѓувреме секој прави што сака.

Оваа постапка на Владата говори дека поединци, но и целата Влада не ја слуша стручната фела, а последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви, потенцираат од партијата.

Најнови вести