На денешното рочиште за „Т.Н.Т“ во Кривичниот суд, судијата Огнен Ставрев соопшти дека постапката за случајот ќе почне одново, бидејќи поротничката Лилјана Ивановска Кочовска утрово си дала оставка.
Кочовска, чиј мандат беше истечен до судот поднела неотповиклива оставка, од здравствени причини.
Според Ставрев, поради непотполниот судечки совет, законот предвидува постапката да започне од почеток и побара од обвинетите и адвокатите до утре да се изјаснат дали се согласуваат тоа да се случи во скратена постапка.
Рочиштето е закажано за утре во 12 часот.