среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поставен камен темелникот на првиот православен храм во село Трстија во Виница

Поставен камен темелникот на првиот православен храм во село Трстија во Виница

Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров како и поголем број на верници присуствуваа на чинот за поставување на камен темелник на првиот Православен храм во виничкото село Трстија.

Како што информира Градоначалникот, дел од сретствата за изградба на овој храм се издвоени од општинскиот Буџет како и од повеќемина граѓани.

“Поставен е камен темелник на првиот Православен храм во село Трстија кој е посветен на Светите Апостоли ,,Петар и Павле,, на овој настан чиноначелствуваше митрополитот Брегалнички г.Иларион.На настанот присуствуваше градоначалникот на општина Виница-Ивица Димитров, Претседателот на советот на општината Тони Велков и жители од село Трстија.

За изградба на овој храм се обезбедени средства од општина Виница како и средства од месното население.”

-стои во соопштението на Општина Виница.

Извор: Брегалнички

Најнови вести