вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Постизборна амнезија и за ветувањата во туризмот“

„Постизборна амнезија и за ветувањата во туризмот“

СДСМ во својот План за живот ветуваше паметен урбан развој на општините, пешачки и велосипедски патеки, катни гаражи, кружни текови, обиколница, експресни патишта и уште многу проекти за развој на туризмот, реагираат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Денес сме сведоци дека нема ништо од таквите ветувања! Она што гледаме е кратење на средствата од ИПА 2 фондовите кои се клучни за креирање на проекти за развој на туризмот, кратење на средствата за меѓународна промоција, заради што спотовите за оваа преубава земја не се емитуваат никаде низ светот!

СДСМ ветуваше брендирање на производи, најавуваше развивање на велнес, бањски, геотермален и здравствен туризам со што наводно ќе се отвореа работни места за доктори, физеотерапевти и медицински персонал…со што немаше потреба истите да бараат работа во странство.

Дополнително, ветуваше и оранжериско производство со кое угостителските објекти ќе беа снабдени со свежи земјоделски производи, ветивте и модерен туризам – здравствен, спортски, incentive и каков ли уште не, со кој ќе се позициониравме како посакувана дестинација на туристичкиот пазар.

СДСМ ветуваше и изградба на нови хотелски капацитети а и Охрид, како што беше ветено, во 2018 ќе станеше конгресна дестинација.

Многу ветувања кои не се, ниту ќе бидат реализирани. Оваа Влада на СДСМ е препознатлива единствено по неостварени ветувања во сите области, вклучувајќи го туризмот како значајна дејност за развојот на земјата.

Најнови вести