Во просториите на Македонската радио телевизија, вчера се потпиша договор меѓу Македонската радио телевизија и програмата Македонска иницијатива за поддршка, финансирана од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД.
-Преку договорот, Македонската иницијатива за поддршка ќе реализира сеопфатна организациска проценка, вклучувајќи и финансиска анализа на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија и проценка којашто ќе ги идентификува приоритетните области за внатрешни реформи, итните барања за ресурси и чекорите потребни за исполнување на стандардите на Европската унија во делот на јавните услуги. Договорот претставува техничка поддршка за Македонската радио телевизија и е во согласност со делот на реформите на јавниот радиодифузен сервис, предвиден во Планот за итни реформски приоритети 3-6-9 на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на МРТ.
Овој Проект е од огромно значење за иднината на Македонската радио телевизија и нејзиното натамошно вршење на функцијата јавен радиодифузен сервис на сите граѓани на Република Македонија.
Целосната реализација на договорот се очекува да биде завршена до 30 април 2018 година.