понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Потпишан меморандум за интензивирање на соработката меѓу МО и Филозофскиот факултет

Потпишан меморандум за интензивирање на соработката меѓу МО и Филозофскиот факултет

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, Ратко Дуев денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се интензивира соработката помеѓу двете институции.

– Министерството е секогаш отворено за интензивна соработка со академскиот сектор. Нашиот приоритет е да инвестираме во човечкиот капитал, но и заедно со професионалците од академската заедница да разговараме, да истражуваме и да анализираме области од заеднички интерес кои ќе ни помогнат во развојот на одбраната, рече Петровска.

Петровска на средбата со Дуев и продеканот за настава на Филозофскиот факултет, Оливер Бакрески, се заблагодари за отвореноста и желбата заеднички да продолжат да се развиваат, и заеднички да го градат одбранбениот систем, особено имајќи предвид дека на Филозофскиот факултет има студиска програма по безбедност, одбрана и мир на додипломски, постдипломски и докторски студии.

– Меморандумот за соработка предвидува стипендирање на вработени во Министерството на студиите на Филозофскиот факултет, ангажирање на кадри од Факултетот како експерти за потребите на одбраната, како и заедничка организација на семинари, тркалезни маси и взаемно користење на библиотечниот фонд на двете институции, соопшти Министерството за одбрана.

Најнови вести