Потпишување на договор за заем помеѓу ЕБРД (Европска банка за обнова и развој) и ЕЛЕМ за фотонапонската централа Осломеј ќе се одржи денеска во Медиа центарот на Владата на Република Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, договорот ќе го потпишат директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. На свеченоста по повод потпишување на договорот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.