Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска свечено ќе бидат потпишани договори за стручно оспособување и усовршување со примените кандидати на Конкурсот за запишување на слушатели со завршен прв циклус на студии, за потребите на Министерството за одбрана и Армијата.
Кандидатите по завршувањето на шестмесечниот циклус на стручно оспособување и усовршување, ќе се стекнат со офицерски чинови и ќе бидат вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. За првпат, кандидатите за време на обуката ќе земаат надоместок во висина од месечна просечна плата, односно околу 25.000 денари.
На потпишувањето на договорите ќе присуствува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (МИА)