четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Потполковник Томица Ристоски е нов командант во тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“

Потполковник Томица Ристоски е нов командант во тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“

Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост и предавање на военото знаме се изврши примопредавање на должноста командант на 3. пешадиски баталјон (3. пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1. пбр) од Командата за операции. Должноста командант на 3. пб од потполковник Игор Станковски ја прими потполковник Томица Ристоски, кој досега извршуваше должност во ГШ на Армијата, информираше Генералштабот на Армијата.

Промената е дел од редовните промени согласно трансформацијата.

– Да се застане на чело на ваква единица со припадници кои се високо мотивирани, професионални, обучени и компетентни потребен е командант којшто поседува исклучителни лидерски вештини и способности. Потполковник Ристоски го презема баталјонот во исклучително важен период на преструктурирање на единицата со цел соодветен одговор на предизвиците произлезени од нашето членство во НАТО, истакна командантот на 1. пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски на свеченоста.

Од припадниците на баталјонот на досегашниот командант му беше врачена плакета со логото на единицата.

– Досегашниот командант, потполковник Игор Станковски се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста, додека новопоставениот командант истакна дека крајно совесно и одговорно ќе командува со единицата и се заблагодари за довербата која му е дадена за оваа должност, информираа од Армијата.

На денешната свеченост присуствуваа началниците на секции од командата на 1. пбр, команданти на единиците од составот на 1. пбр и останати гости.

Најнови вести