вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Потребна е лидерска средба на која ќе се разговара за националната, здравствената и економската криза, власта мислеше дека може сама, но очигледно е дека не умее“

„Потребна е лидерска средба на која ќе се разговара за националната, здравствената и економската криза, власта мислеше дека може сама, но очигледно е дека не умее“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање денеска вели дека потребна е лидерска средба што поскоро.

-Во однос на лидерска средба апсолутно сметаме дека ден поскоро час поскоро е потребна лидерска средба. Гледаме дека претседателот на државата закажува Совет за национална безбедност, се шпекулира низ медиумите дека ќе се прогласи кризна состојба, најмалку што треба да се направи е да се свика една лидерска средба на која ќе се разговара во однос на три прашања. Првата работа е здравствената криза предизвикана од корона вирусот, втората е економската криза предизвикана од корона вирусот и третата е блокадата на Македонија во однос евроинтегративниот пат и барањата од Бугарија за национално обезличување на Македонија и на Македонците. Така што таа средба очекуваме да се случи, повикуваме да се случи, тоа е начинот на кои што работат паметните држави, вели Николоски.

Тој додава дека со ова мислам дека ги кажав и темите на кои што би требало да се разговара и клучната тема на која што треба да се разговара на лидерска средба е формирање на Влада за национален спас која што ќе даде одговор на најголемата криза со која што Македонија се соочува во овие 30 години, здравствена криза, економска криза и национална криза.

Најнови вести