Градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев објави потресно сведоштво и јавен апел до Премиерот на Република Македонија, Министерот за здравство во владата, директорот на болницата во Штип и сите одговорни во одделенијата во болницата.
Сведоштвото и апелот ги пренесуваме во целост:
Кога ќе се однесе пациент во болницата во Штип со посериозни проблеми јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило.
Студено,кревети и постелнина од 19 век….. за храна да не зборуваме….и таа што ја има нема кој да ги храни луѓето….несменети памперси…крв…
Зборувам за отворени рани за неполни 9 дена …
Лично сум сведок, дека наместо да се излекува пациентот, пациентот се враќа во вегетабилна состојба.
Товарот е на семејството.
Зборувам од име на функцијата градоначалник на соседната општина.
Како е на обичните граѓани и пациенти.
Пациент во стабилна состојба да го отпуштат по десетина дена во „страшна” состојба со отворени рани и во несвесна состојба.
Дали имаат чувство спрема пациентот и неговото семејство…..
Уште еднаш апел до сите одговорни во нашата ни држава во ресорот ЗДРАВСТВО дека животот нема цена.
Одговорност мора и треба да има, од секој одговорен за секој пациент посебно.
Се изнагледав многу работи во последните денови во болницата во Штип.
Ова го пишувам од лично искуство но и од искуството на многу мои сограѓани.
Со господ Бог напред….