четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе годишни извештаи пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Повеќе годишни извештаи пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

На агендата на седницата се и Годишните извештаи за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година, на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија во 2021 година, Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2021 година.

Членовите на Комисијата треба да ги разгледаат и годишните извештаи за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2021 година, на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2021 година, на Инспекцискиот совет за 2021 година и на Агенцијата за администрација за 2021 година.

Најнови вести