среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повредени 13 луѓе од гром во Охрид на познатата плажа „Оревче“: Дел од нив се задржани во болница

Повредени 13 луѓе од гром во Охрид на познатата плажа „Оревче“: Дел од нив се задржани во болница

На познатата охридска плажа „Оревче„, денеска за време на краткотрајното невреме во тој регион, околу 15 часот удрил гром, при што се повредени дури 13 луѓе.

Информацијата за Фактор ја потврдија и управителите на „Оревче“, но подетално ќе информираат подоцна. Според СВР Охрид, пак, како што пишува Охрид њуз, дел од повредените со возила на брзата помош биле пренесени во охридската болница.

Некои од повредените се здобиле со изгореници по рацете и нозете, додека останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.

 

 

Најнови вести