Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска се обрати по повод обраќање на 5 Македонско- Германски форум на тема 30 години независност на Македонија.
Тој во своето обраќање истакна дека кога Македонија ја стекнала својата независност тој имал само 7 години и сподели како тоа изгледало за него.
-Во тие денови интензивно заседаваше Собранието и мислам дека целата нација го гледаше собранискиот канал, за жал сега не можеме да се пофалиме за таа работа или можеби за среќа ако не сме толку интересни, можеби работите се добри па да не мора секој ден да не гледаат луѓето, рече Николоски.
Тој додаде дека на една таква седница на собранието во нивниот дом биле дедо му кој бил заколнат антикомунист и неговиот татко, по почнувањето на собраниската седница во домот морало да биде тишина.
-Јас како дете не бев умен, не бев мирен и велат тишина сега мора да слушаме, имаше кајрон се сеќавам како денес и јас прашувам што има и велат има седница на собрание, за што ќе се расправа и да ми објаснат наједноставно како дете на кајронот пишуваше Собрание на СР Македонија, односно на тогашна Социјалистичка Република Македонија и вели татко ми за ова С да се избрише и јас како дете велам цела дебата за една буква и прашав зошто и добив еден одговор кој што ми остана во глава и којшто мислам дека сериозно симболизира што таа генерација сакаше да направи, рече затоа што прво треба да сме независна држава да не зависиме од Белград, Загреб или Љубљана како дел ода таа голема Југословенска генерација и второ тоа С значи социјализам, а социјализмот и комунизмот се најголемото зло коешто се случиле на човештвото и тоа ме води како водилка и во мојата политичка активност и еве имам чест 30 години подоцна да зборувам на таа тема македонска независнот.
Николоски посочо дека таа генерација направила многу повеќе од нашата генерација, но од друга страна се надева дека нашата генерација сеуште има време да се докаже и дека може да направи повеќе.