Генералштабот на Армијата на Република Македонија ја известува јавноста дека на денес околу 09.55 часот, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово дошле до повредување од огнено оружје на двајца професионални војници на АРМ.
-Имено, според првичните информации, при чистење на оружје „митралез“ испукан е еден куршум при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници М.Ј и В.Ш. Веднаш по настанот истите се пренесени во Јавната здравствена установа во Тетово од каде се утврдени фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на КАРИЛ. Двајцата војници се во стабилна состојба, надвор од животна опасност, се наведува во соопштението на ГШ на АРМ.
Оттаму додаваат дека надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот. За резултатите од истрагата јавноста дополнително ќе биде известена.