среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ – седум средни училишта попладнево останаа празни, хакерите ја тестираат (НЕ) способноста на МВР деветти пат по ред (ФОТО)

ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ – седум средни училишта попладнево останаа празни, хакерите ја тестираат (НЕ) способноста на МВР деветти пат по ред (ФОТО)

На дојавите за бомби им нема крај, особено во средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Во овие моменти гимназијата повторно е евакуирана, а учениците и професорите се надвор од објектот.

Полицијата го пребарува секое ќоше во училиштето, додека надлежните се уште не го решиле овој проблем.

Освен во оваа гимназија, денеска евакирани се ученици и од шест други училишта, меѓу кои и од „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“…

Ова е деветта дојава за бомба во средните училишта во Скопје откако првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на крајот на месецн октомври.

Од МВР велат дека ги проверуваат информациите за новите дојави за поставени бомби.

Спасовки иако рече дека набрзо ќе биде решен овој проблем, сепак одговор се уште нема додека учениците речиси секоја втора недела доживуваат стрес и трауми со дојавите на бомби.

Најнови вести