среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно гужва на граничните премини низ земјава – само на Табановце се чека еден час, еве каква е состојбата на другите премини

Повторно гужва на граничните премини низ земјава – само на Табановце се чека еден час, еве каква е состојбата на другите премини

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека до 15 минути, додека на Табановце за излез времето на чекање е околу еден час, соопшти АМСМ.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести