вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно не спомена Македонија: Заев и честиташе на „нашата репрезентација“ (ФОТО)

Повторно не спомена Македонија: Заев и честиташе на „нашата репрезентација“ (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев се приклучи на честитките на ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство во Хрватска.

Слично како и во интервјуто на грчка „Алфа“ кога говореше за „северниот сосед“ и „мојата земја“, лидерот на СДСМ овојпат на Фејсбук напиша „нашата репрезентација“ без да го спомене уставното име.

„Одличен почеток на нашата репрезентација на Европското првенство во ракомет. Вие сте нашата гордост и заедно се радуваме на овој успех. Посакувам среќа и многу голови во следните натпревари со Црна Гора и Германија“, напиша премиерот Заев.

Нови победи на македонските ракометари им посака и претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

„Упорноста се исплати, со срце и силна волја се бранат боите на Македонија. Честитки за победата на македонските ракометари. Нека се множат победите јунаци“, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во честитката до ракометарите.

Најнови вести