понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно поништена јавната набавка за респираторни машини

Повторно поништена јавната набавка за респираторни машини

Министерството за здравство денеска информира дека двете компаниите што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa ги известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.

-Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто.

Најнови вести