четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОВТОРНО СЕ ЧЕКА 1 ЧАС ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ – на овој македонски граничен премин хаос буквално секој ден, па и ова утро!

ПОВТОРНО СЕ ЧЕКА 1 ЧАС ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ – на овој македонски граничен премин хаос буквално секој ден, па и ова утро!

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести