недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОВТОРНО ВО СЕДУМ СКОПСКИ УЧИЛИШТА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ – еве како била испратена застрашувачката порака

ПОВТОРНО ВО СЕДУМ СКОПСКИ УЧИЛИШТА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ – еве како била испратена застрашувачката порака

Откако претходно КУРИР дозна дека во гимназијата „Јосип Броз Тито“ имало дојава за бомба, од МВР за нашиот медиум потврдија дека не станува збор само за дојава во едно училиште на територијата на град Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека:

„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Инаку утрово само што започнала наставата во средното училиште „Јосип Броз Тито“ повторно имало дојава за бомба.

По оваа информација, учениците веднаш се евакуирани и пуштени надвор од училиштето.

Ова е осма дојава за бомба, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Најнови вести