Во веста на дописникот на New York Times од Виена а која е поврзана со МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ се вели дека дека т.н. „Австро-Руска Програма“, која се однесувала на воена но и финансиска реформа на Отоманската Империја а главен акцент во реформната програма донесена во Мирцштег претставувала именувањето на двајца ерропски соработници на Хилми- паша и странски генерал како началник што ќе се грижи за реорганизација на турската жандармерија, пишува Канал 5.
На австро-руските предлози за реформната акцијa, италијанската владаja дала својата поддршка, која пак покажала значително интересирање и кон прашањето за финансиските реформи во Османлиската Империја односно Македонија ( н.з. ).
Веста завршува со пасус во кој меѓудругото се вели:
„Моменталните превирања во Македонија не можат да се сметаат за последни искри на оганот кој се гаси , туку НАПРОТИВ како почеток на ВУЛКАНСКА АКТИВНОСТ која ќе доживее максимум за време на летото кое доаѓа, кога револуционерните борци ќе можат да направат кампови и на отворен простор“
Статијата завршува со „Следните 6 месеци ќе бидат критични како за мирот во Македонија но исто така и за Фердинанд ( Франц Фердинанд – владетел на Австро-Унгарија, чие убиство-атентат во Сараево во 1914 год. беше повод за 1вата Светска Војна н.з. )“