сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Познат е сторителот кој го уби со вила и запали со бензин кучето во Стојаково- се бара најостра казна

Познат е сторителот кој го уби со вила и запали со бензин кучето во Стојаково- се бара најостра казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен во полиција.

Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ велат дека полицијата направила увид на местото каде е пронајдено запаленото тело од кучето.

„Согласно податоците кои ги обезбедивме, знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат тие.

За случајот се дозна од социјалните мрежи, кога жител на Стојаково јавно објави фотографии. Пред да биде запалено со бензин, маалското куче било измачувано и тепано со вила.

Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат и вакви свирепи убиства.

Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

Најнови вести