Триесет и деветгодишната М.В. од Скопје е македонскa дипломатка чие што тело е пронајдено во нејзиниот стан на Менхетн во новогодишната ноќ. Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство, дознава „Слободен печат“.
Таа е пронајдена со лицето надолу и со ремен околу вратот во бањата од својот стан во источниот дел од Менхетн, дури околу пладне. Дипломатката живеела сама во апартман на четвриот кат.
Полицијата пронашла рецепти за антидепресивни лекови и две шишенца со мелатонин – едното празно, а другото речиси испразнето.
Според извештајот од Њујорк Пост во нејзиниот дом веднаш по брзата помош пристигнал и македонски дипломат, се претпоставува амбасадорот.
Неофицијално, младата дипломатка страдала од депресија подолго време пред да си го одземе животот.