сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Познат идентитетот на тројцата Македонци загинати во сообраќајка во Италија

Познат идентитетот на тројцата Македонци загинати во сообраќајка во Италија

Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“.

Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.

Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детела за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.

Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.

Најнови вести