Пејачот Васил Гарванлиев ќе биде македонскиот претставник на овогодишната Евровизија во Холандија.
Песната допрва ќе се избира.
Васил е познат на македонската сцена повеќе години.
Го паметиме како слаткото момче кое ја испеа „Марионка“ на Златно славејче.
Потоа тој замина во САД, Италија и Канада, каде што живееше со години. Се врати во Македонија и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.