вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Познато е кој македонски музичар ќе настапи за Папата

Познато е кој македонски музичар ќе настапи за Папата

На 7-ми мај во Скопје, на покана од Католичката црква, Горан Папаз е поканет да биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Францис.

Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, “Пресвето Срце Исусово”  после 14:30 часот, каде папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.

Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група “Агапе” и тие ќе се претстават со три композиции.

-Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд, рече тој.

На професионално поле, Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен “Елегија”, и истиот ќе биде промовиран ова
лето.

Неодамна во етер го пуштија синглот “Спомени” кој е најава за тоа што следи.

Најнови вести