Откако официјално ќе почне неговиот претседателски мандат, Стево Пендаровски првата посета што ќе ја оствари како претседател на Македонија ќе биде на соседно Косово, пишува „Фактор“.
Вчера Државната изборна комисија му го предаде уверението на Пендаровски како нов шеф на државата, а денеска ќе биде инаугурацијата и средбата со досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов.
Официјално, Пендаровски започнува со работа од понеделник, а прво што најави е дека ќе ги потпише необјавените закони, ќе помогне да се воспостави стабила дипломатска мрежа и да се изнајде решение за СЈО.