недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Прашања што ја мачат јавноста: Дали Заев му пишал на Боки 13 со цел да го предупреди или „се перел“ знаејќи дека ќе се чита комуникацијата на суд

Прашања што ја мачат јавноста: Дали Заев му пишал на Боки 13 со цел да го предупреди или „се перел“ знаејќи дека ќе се чита комуникацијата на суд

На денешното рочиште за случајот “Рекет” беше прочитана комуникација помеѓу Бојан Јовановски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Јовановски и ги испраќа овие пораки на неговата мајка на 16 април, неколку дена пред случајот да биде пријавен, а претпоставката е дека истиот ден била и комуникацијата меѓу Заев и Боки 13.

Со презентацијата на комуникацијата се поставува прашањето дали тогашниот премиер Зоран Заев знаејќи дека Бојан Јовановски (Боки 13) ќе биде пријавен и ќе следи апсење па намерно имал ваква комуникација се со цел овие пораки кои беа прочитани денеска на рочиштето излезат во јавност.

Втора спорна работа од читањето на комуникацијата е тоа што Заев му вели на Боки 13 дека мора да постапи со што му дава до знаење, односно е предупреден дека ќе биде пријавен.

Најпрвин Јовановски му испраќа на Заев со следната содржина:

“Никогаш не сум го злоупотребил твоето име, од секогаш сум ве почитувал. Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите, му пишува Боки 13 на Заев.

Тогашниот премиер пак му враќа:

“Сум се борел храбро, јас сум претседател на Влада и должен сум да го заштитам владеењето на правото. Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен, за да јас напишам таков одговор. Извини, но грозно е!”

Потоа Јовановски пак му пишува:

“Ви кажувам и тврдам, уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име”, се правдал Јовановски.

Заев, пак, повторно му враќа налутено:

“Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет! Моја должност е да постапам”, завршува Заев.

 

Најнови вести