Како се ближи крајот на оваа Влада, така во Собранието на Република Македонија се штанцаат закони и се носат крајно неквалитетни решенија од страна на парламентарното мнозинство, ова денеска го истакнуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Денес на Комисијата за транспорт, врски и екологија мнозинството предводено од СДСМ гласаше против барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за градежно земјиште. Имено, се работи за закон кој што има 145 члена, а парламентарното мнозинство предводено од СДСМ сака со злоупотребата на скратената постапка без дебата да направи измени во дури 75 члена од законот што е крајно несериозно и пред се далеку од транспарентно. Сметаме дека јавната расправа која што ја бараме е повеќе од неопходна со оглед дека се работи за многу сериозен закон и јавната расправа треба да допринесе да се слушне гласот на јавноста и на стручната фела бидејќи се менуваат повеќе од половина членови од Законот за градежно земјиште. Предложените измени се однесуваат на целосно и секаде со предлог законот бришење на ингеренциите односно иземање од одговорност на Министерството за транспорт и врски и министерот Горан Сугарески како орган на државната управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежно земјиште сопственост на Република Македонија и истите се префрлаат односно се наметнуваат на единиците за локална самоуправа, потенцираат од партијата.
Во своето соопштение тие наведуваат и дека се прават измени во начинот на водење на постапките, се предвидува општините по сила на закон да преземаат надлежности без предходно истите да бидат исконсултирани.
-Суштински не се менува ништо што ќе придонесе за подобрување на животната средина и екологијата. Се прават измени во однос на постапките за одтуѓување на земјиште по пат на јавно наддавање. Се брише постапката за прибавување на документи по службена должност во случај на поднесено барање од странка што е спротивно на Законот за општа управна постапка. Се намалуваат глобите за администрацијата, градиначалниците и министерот со што се остава простор за постапување спротивно на закон. Овие и многу други измени се само дел од измените на вкупно 75 члена од Законот за градежно земјишти кои што мора да бидат отворени на една јавна расправа со цел да се носат квалитетни решенија поддржани и во корист на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме пратениците од СДСМ да не беагаат од дебата и заедно да организираме јавна расправа за овој закон на која што ќе се направи една квалитетна и аргументирана дебата и забелешките од истата ќе бидат имплементирани во законското решение, стои во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.