Во тек е собраниската седница на која се дискутира за составот и изборот на новата влада која ќе биде предводена од мандатарот Димитар Ковачевски.
Свое обраќање пред пратениците имаше и пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Георгиевска која истакна дека за време на овој период од владеењето на СДСМ се зголемил бројот на социјални случаи.
-Навистина има со што да се пофалиме, вели таа во реплика до свој колега и додава:
-Зголемена е бројката на луѓе кои што примаат социјална помош.