четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за Интерпелација на Марија Георгиевска од СДСМ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за Интерпелација на Марија Георгиевска од СДСМ

Денес, сакам да ве известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе барање за Интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска од СДСМ, затоа што неделовнички и неуставно на сеуште не завршена точка на дневен ред и незавршена комисија, таа поднесува парцијален извештај до деспотот во Собранието, Талат Џафери за уставни судии, изјави денеска за медиумите Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека тие што им одговараат уставни судии, ги поднесуваат на гласање без да биде воопшто завршен процесот на дискусија на самата седница каде што именуваната Марија Георгиевска не ја закажуваше цели десет месеци до пред некое време.

– Тоа е спротивно на членот 128 од Деловникот каде што е точно наведено дека работното тело заседава и откако ќе заврши седницата подготвува извештај и записник за тоа што се одлучило на самото работно тело, а оваа седница на Комисијата за избори и именувања не е завршена. Вториот прекршок е членот 129 од Деловникот каде што пишува дека за известител во однос на било кои седници од работните тела најчесто е претседателот на тоа работно тело пред пленумот, а ние видовме вчера дека претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска немаше дури ни храброст да се јави пред Собранието, пред пратениците да објасни зошто поднела парцијален извештај, зошто ја прекинува комисијата и пишува извештај без да биде истата завршена и барем да беше присутна и да земе збор и да каже зошто смета дека овие селективно одбрани кандидати за уставни судии заслужуваат да бидат членови на Уставниот суд. Сметаме дека со самото вакво однесување на владејачкото мнозинство во Собранието дополнително се девалвира не само Уставниот суд како институција, дополнително се девалвира и Собранието, а најмногу довербата на граѓаните во правосудството, појаснии Милошоски.

Пратеникот рече дека очекуваат оваа интерпелација да биде во најкус можен рок ставена на пленарна седница и се надеваат дека пратениците кои што веруваат не само во политиката како професија туку и во Деловникот како демократска процедура, ќе ја поддржат оваа интерпелација и ќе може на чело на Комисијата за избори и именувања да дојде пратеник кој ќе го почитува Деловникот кој што е начин на демократска работа во Собранието.

 

Најнови вести