Денес и официјално ја поднесуваме Иницијативата до Собранието, онака како што е процедурата, за започнување на процедура за утврдување на уредноста на Иницијативата за собирање на граѓански потписии за почеток на Референдумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го најави, ова преку изјава за медиумите го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
-Можам да информирам дека се собрани некаде околу повеќе од 650 потписи за не повеќе од половина час и како што најавивме денеска ќе ја доставиме Иницијативата до Собранието. Се надевам дека Претседателот на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе си почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа но како што налага и Законот за референдум и други видови на граѓанско изјаснување, вели Мицевски.