сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Правда за Уставобранителите- Доцевска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур

Правда за Уставобранителите- Доцевска ја порази власта на СДСМ во Судот во Стразбур

После 5 години макотрпна борба и страдања, правдата за уставобранителите го виде светлото на денот. Елена Доцевска Божиновска, долгогодишен професионалец во Собранието на Република Македонија која беше неправдено притворена и гонета од власта на СДСМ оствари голема победа пред Европскиот суд за човекови права за злосторството што и’ беше направено. Во тие денови, Елена, мајката на Наум кој тогаш имаше 1 година и на Софија која тогаш имаше 2 години, пред нивните очи и пред очите на сопругот Игор, во нивниот дом во Куманово, во раните утрински часови, како во најстрашен хорор филм, ордите на власта на СДСМ со тешко наоружување ја тренираа својата авторитарна природа.

Денес, сепак правдата го виде светлото на денот. Истовремено, ова е победа и за сите уставобранители кои неправедно се осудени на долги години казна затвор во занданите низ целата наша татковина.

Правдата доцни, но никогаш не забавува ќе истакне Доцевска, завршувајќи ја својата изјава со реченицата: “да живеат уставобранителите, да живее Македонија”.

Најнови вести