Испровоцирана од вчерашната емисија„Топ Тема“што се емитува на Тв Телма, аво врска со лупинзите на Цаца, не можев а да не напишам збор два за „аргументите“ што некогашната ни судијка во Стразбур (дотолку повеќе тежината на нејзините лупинзи е поголема!) ги изнакажа на јавна сцена.
Според мислењето на Цаца, „амандманска расправа во оваа фаза од постапката за законот за јазици била невозможна затоа што таа веќе поминала. Сега, доколку се дозволи амандманска расправа и доколку се донесе некое решение во кое што некој од амандманите ќе бидат прифатени, ние го немаме стариот закон, ние веќе имаме нов закон“.
Цаца покажа елементарно непознавање на парламентарното право и на Деловникот на Собранието. Знае ли Цаца дека во член 173 од Деловникот стои дека: (1) Претседателотна Собранието, веднаш по донесувањето, законот го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласувањеназаконот. (2) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.(3) Поповторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.
Значи, Цаца, Деловникот на Собранието, а не ти, дава можност да се поднесуваат амандмани на законот за јазиците. Таквата можност не може да биде ограничена од никого, ниту од претседателот на Собранието, ниту од кој било друг. Тезата на Цаца дека со евентуалното усвојување на амандманите би се изменила содржината на постојниот закон, и дека со тоа би се отворил патот на претседателот на Републиката да стави ново вето како за нов закон, е уште покомичен правен лупинг од судијката, бидејќи очигледно одбрала начин да брани нешто што не може да се одбрани!
Пратениците на Собранието исто како и претседателот на Републиката својот легитимитет го црпат од граѓаните. И пратениците и претседателот имаат ист извор на легитимитетот, со тоа што тежината на претседателот на Републиката е далеку поголема ако се има предвид дека зад него стојат повеќе од половина милион избирачи на РМ. Секое омаловажување на мислењата и забелешките дадени од претседателот на Републиката значи омаловажување на волјата на граѓаните. Од друга страна, Собранието не е само обична гласачка машинерија. Собранието е место каде треба да се водат дебати, место каде треба да се разменуваат различни аргументи и да се судираат различни ставови, од кои дебати подоцна треба да произлезе содржина на закон прифатлива за најголем дел од пратениците/гласачите.
Ако претседателот на Републиката дава сериозни забелешки на законот за јазиците, а на опозицијата и било оневозможено да поднесува амандмани преку класично изигрување на постапката за донесување на закони утврдена во Деловникот, преку шибицарско шифтање на законот да биде разгледуван од нематично работно тело на кој закон му беше прикачено и европско знаменце само и само да биде оневозможена опозицијата да става амандмани на законските решенија, тогаш нека објасни Цаца, каде и како незадоволните пратеници да реагираат по повод овој закон? Не верувам дека Цаца не ја следела целата рашомонијада од постапка и дека дури сега се вклучила во процесот.
И што лошо виде Цацаво можноста да се разгледаат поднесените амандмани на законот? Од кога тоа парламентарната дискусија и дебата стана проблем и кочница во работата на Собранието? Како тоа наеднаш големите демократи кои до вчера бунтуваа и бараа Собранието да биде вистинското место за дебата и судир на аргументи, сега кога нивните се на власт, гледаат проблем во дискусијата, гледаат некакви формалистички проблеми што не држат вода?
Па прв што треба да се повика на одговарност во конкретниов случај е наводниот претседател на Собранието и неговиот пулен кои спротивно на Деловникот ја измешаа постапката за донесување на овој закон, и го избуткаа законот на шверцерски начин.
Токму Џафери е должен да се грижи за примената на Деловникот на Собранието. Токму Џафери определил ненадлежно работно тело за разгледување на законот за јазиците. По кој Деловник Џафери одлучил да го стави законот за јазиците во Комисијата за европски прашања наместо во вистински надлежното работно тело, Комисијата за политички систем? Нека каже јасно и гласно Џафери кој е тој правен акт, регулатива, директива, што и да е од ЕУсо кој се усогласува законот за јазиците?
Деловникот во член 135 и 136 е прецизен и вели „кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската унија со полн назив, број и датум. Со предлогот на закон се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и јасно наведување на правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласувањето.
Може ли Џафери да ни го каже името/насловот на тој изворен акт на ЕУ со кој се врши усогласувањето? Има ли Џафери обезбедено потпис од министерот за правда дека е направено конкретно усогласување на законот за јазиците со некаков акт на ЕУ? Нема ништо од тоа.
И наместо Цаца, ако навистина држи до правото и до законите, вчера јавно да ја искористеше приликата и да го прашаше Џафери по кој Деловник работи, и како тоа ваков закон се протна во Комисијата за европски прашања, таа ја одбра страната да биде класичен слуга наактуелниве политичари. Одбра да лупингува без крај.
Зошто никој од пратениците, никој од професорите, јавните обвинители, судиите не го повикува на одговорност Џафери заради директна повреда на неколку члена од Деловникот?А многу јасно сė си пишува во него. Член 136 вели „Акопредлоготназаконне е подготвенвосогласностсоодредбитенаовојделовник, претседателотнаСобранието, преддагодоставинапратениците, ќепобараодпредлагачотдагоусогласисоодредбитенаовојделовник. Акопредлагачотнегодополнипредлоготназаконотворокод 15 денаодбарањетонапретседателотнаСобраниетосесметадекапредлоготназаконотне е поднесен“.
Со оглед дека е констатирана суштествена повреда на постапката за донесување на закон, бидејќи законот очигледно шверцерски е подметнат во работа на нематично работно тело, шверцерски му е налепено европско знаменце, а законов благе везе нема со ниту еден акт од правото на ЕУ, и бидејќи не постои никаква изјава од министерот дека истиот се усогласува со изворен акт на ЕУ, констатацијата на правниците што малку од малку држат до себе, и што се вистински на страната на правото треба да биде дека целата постапка на донесување на законот треба да се врати на самиот почеток, бидејќи е спроведена спротивно на Деловникот, а тоа значи и спротивно на основното начело врз кое се заснова нашиот уставен поредок-владеењето на правото.
Значи наместо натегањата во јавноста да се водат на релација има или нема право да се поднесуваат амандмани и да се расправа по нив, и бесполезно да се троши целата енергија околу криво насаденото дрво, што за жал целосно и одговара на власта, правната дебата треба го смени правецот и да се фокусира на издржаната правна аргументација- враќање на постапката на самиот почеток поради редица констатирани незаконитости во процесот на донесувањето на законот за јазиците. Во случај кога се констатирани сериозни незаконитостиво постапката за донесување на законот, законот не може да биде донесен. Нели така Шкариќ?