сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Правослацвните верници го слават втор ден Велигден

Правослацвните верници го слават втор ден Велигден

Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. По овој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.

Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Вториот ден Велигден, е државен празник и неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.

Најнови вести