На 11 август во 1992 година во Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци.
На денешен ден во законодавниот дом била усвоена и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.
Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година.
По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.