понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПРЕД И ПОТОА: Рисчето Деки порасна во голем рис кој господари со Маврово (ФОТО)

ПРЕД И ПОТОА: Рисчето Деки порасна во голем рис кој господари со Маврово (ФОТО)

Рисот Деки, кој Македонското еколошко друштво (МЕД) веќе петта година го следи со GPS околувратник, годинава ќе наполни 6 години. Овој шумски убавец првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година.

На првата фотографија од левата страна, осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово“, додека на фотографијата од десната страна фотографиран е минатата година како возрасен рис.

„Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на GPS околувратник. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 kmи двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко“, велат од МЕД.

Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.

 

Најнови вести