понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПРЕДИЗБОРЕН МОЛК ВО МАКЕДОНИЈА!

Предизборниот молк трае до завршување на гласањето во недела во 19 часот.
ПРЕДИЗБОРЕН МОЛК ВО МАКЕДОНИЈА!

Кампањата за Локалните избори 2021 заврши вечерва на полноќ.

Предизборниот молк трае до завршување на гласањето во недела во 19 часот.

За време на молкот, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Од Државната изборна комисија деновиве изразија убедување дека во вториот круг нема да има поголеми пречки со користењето на биометриските апарати за идентификација на гражаните, како што беше случај во првиот круг на 17 октомври.

Најнови вести