Владата планира да вработи 11 државни службеници во Секретаријатот за европски прашања. Во оглас кој е објавен преку Агенцијата за администрација на трети јануари годинава, се бараат 11 вработувања од Секретаријатот.
Највисока плата од речиси 39 илјади денари, или точно 38.689 денари ќе зема државниот советник за координација на европски фондови и друга странска помош.
Понатаму, се бараат и помлад соработник за внатрешни работи, виш соработник за слободно движење на услуги, помлад соработник за внатрешен пазар, советник за земјоделство и рурален развој, виш соработник за политика за земјоделство и рурален развој, помлад соработник за програмирање на образование, за животна средина, за евалуација за програмите за ЕУ, соработник за координација на билатерални програми, како и соработник за јазична ревизија, а најниската плата е 22 илјади денари.
Претходно и Службата за општи и заеднички работи во Владата, на 27 декември лани, побарала да вработи шест лица, главно за советници, а платите таму ќе бидат и до над 26 илјади денари.